Добрососедските односи и соработката во регионот тема на средбата помеѓу Косовскиот Амбасадор Илбер Хиса и градоначалникот на Струга, Зијадин Села. Амбасадорот Хиса е меѓу првите дипломати кој лично му ја честитаа победата на градоначалникот и новата функција.
„Струга е привлечно место кое косоварите ќе го користат за летување, а изградениот нов пат Косово –Албанија, неможе и нема да биде пречка за Косоварите како дестинација да ја изберат Струга“, рече амбасадорот Хиса.
На новинарско прашање, дали и кога би се вовел режим на гранично минување со лична карта, амбасадорот е категоричен дека постапката е во тек и дека набрзо и тоа ќе се стандардисира.
Градоначалникот Села искажа огромно задоволство што во посета на општина Струга дојде Косовскиот Амбасадор. Тој потенцираше дека со амбасадорот имаат заеднички ставови дека влијанието на Косово е голмо за стабилноста на регионот.
Црна дамка на денешната средба остави тоа што за Амбасадорот домаќинот немаше обезбедено фонетски превод, а зачуди и фактотот што ни градоначалникот Села не се обрати на македонски, ниту даде изјава по средбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Во Струга почнува неделата посветена на јубилејот „90 години музеј Д-Р Никола Незлобински“
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба


