Десет годишната караница меѓу светските музички ѕвезди Мадона и Елтон Џон е конечно завршена , напишаа британските медиуми.
Нивната караница започна во 2002 година, кога Елтон Џон изјави дека песната на Мадона во филмот за Џејмс Бонд „била најлоша која е некогаш снимена за Џејмс Бонд“ и кога ја обвини славната пеачка дека пеела на плеј бек.
-Бевме во еден ресторан во Франција . Таа влезе и јас и испратив порака : Беше возбудена поради тоа. И се извинив ,бидејќи тоа што го реков пред 10 години никогаш не требаше да се појави во јавноста , објасни Елтон Џон.
Британскиот пејач потоа додаде дека по пораката Мадона го прифатила извинувањето и заедно вечерале.
„Го прифати моето извинување , и потоа ја честев вечера. Тоа е веќе минато. Мадона беше фантастична, и рече „добро ,ајде да продолжиме понатаму “ порача Џон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


