| четврток, 6 декември 2018 |

Одблокиран центарот на Париз

Кружниот сообраќаен ток околу Триумфалната капија, попладнево е одблокиран, откако беше евакуиран поради лажна дојава за бомба, соопшти полицијата

На улиците околу плоштадот дошло до големи сообраќајни гужви, бидејќи полицијата и експерти за демонтирање бомби извршувале проверки, по дојавата во 14 часот.

Сообраќајот во метроро кое проаѓа под плоштадот не бил погоден за време на овој инцидент, наведува Франс прес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top