Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп, изјави дека во својата репрезентација има шестмина квалитетни напаѓачи, какви што нема ниту една друга репрезентација на ЕП, барем не на хартија.
– Гризман имаше долга сезона со Атлетико Мадрид и нашиот приоритет беше да го одмориме пред почетокот на ЕП. Тој поседува квалитети кои гo прават еден од најдобрите напаѓачи во Европа и отсекогаш бил добар играч. Гризман ќе биде подготвен, но нема по секоја цена да го предводи нашиот напад. Имам шест квалитетни напаѓачи од различен профил и секако ќе ги користам и нив – изјави Дешамп.
Од последното освојување на Европското првенство во 2000 година, Франција два пати играше во четвртфиналињата, а еднаш натпреварувањето го заврши во групната фаза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.