| четврток, 6 декември 2018 |

Бејл возбуден и мотивиран: Досега го гледав ЕП само на телевизија

Првата ѕвезда на Велс, Герет Бејл откри дека е премногу возбуден пред Европското првенство и дека едвај го чека стартот.

За Велс ова ќе биде дебитантски настап, па така, сите фудбалери се очекува да го дадат максимумот на терен и воедно да се здобијат со ново искуство.

– Пласманот на ЕП беше еден од моите соништа. Сега, кога сме овде, мораме да дадеме сѐ од себе. Не сакаме да го паметат нашиот пласман на првенството во Франција како прв, туку како успешен. Сѐ ми е нереално. Досега го гледав ЕП на телевизија, а сега ќе бидам дел од него – вели Герет Бејл.

Велс се наоѓа во групата „Б“ заедно со Англија, Русија и Словачка. Првиот меч репрезентацијата го игра на 11 јуни против Словаците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top