| четврток, 6 декември 2018 |

Од Палм Спрингс почнува животот на „Трето полувреме“ во САД

„Трето полувреме“ на македонскиот режисер Дарко Митревски  се прикажува на меѓународниот филмски фестивал во Палм Спрингс, Калифорнија. На годинешното издание на престижниот фестивал во Палм Спринг организаторот планира да  се  прикажуваат 400 проекции на 200 филма од 60 држави од светот. Поголемиот број од овие филмови се наоѓаат на пошироката листа на кандидати за „Оскар“ за неанглиско говорно подрачје. Со проекцијата на македонскиот филм во Палм Спринг почнува да се прикажува „Трето полувреме“ ширум кино-салите во Америка.

„Трето полувреме“ беше македонскиот кандидат за најпрестижната награда во филмскиот свет, „Оскар“, но не успеја да влезе во потесниот избор.

„Интригантната љубовна приказна во холивудски манир е толку женски за забранетата љубов на фудбалерот Македонец и убавата Еврејка Ребека, толку е и машки, па кога го гледате навивате како од трибина за фудбалерите на Македонија“ пишува филмскиот критичар во „Варајети“.

Овој фестивал важи за атрактивна локација за промоција и продажба на нови филмски остварувања и нивна понатамошна дистрибуција спроти годинешното доделување на оскарите во февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top