| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ ќе учествува на Евровизија

Ѕвездата на ПСЖ и шведската фудбалска репрезентација, Златан Ибрахимовиќ, прифатил да учествува на годинешното издание на Евровизија. Прославениот фудбалер им одговорил позитивно на организаторите кои го поканиле да биде дел од музичкото шоу кое ќе се одржи меѓу 14 и 18 мај во Малме.

Сепак, очигледно е дека Ибра ќе го поздрави милионскиот аудиториум со снимена порака, бидејќи во тој период нема да може да присуствува во својот роден град поради клупски обврски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top