Песната „Пир вознемир“ од Јовица Тасевски-Етернијан, преведена на арапски јазик, заедно со био-библиографија на авторот, неодамна беше објавена како песна на денот во културната рубрика на ирачкиот дневен весник „Ал-Сабах Ал-Џадид“ (Ново утро).
Во био-библиографската белешка се истакнува дека Јовица Тасевски-Етернијан е поет од Македонија, чии песни се објавени во голем број списанија и антологии во светот и дека неговата поезија е преведена на повеќе јазици.
Стиховите на Етернијан на арапски ги преведе и био-библиографската белешка ја состави познатиот поет и преведувач Саед Гоуда.
„Ал-Сабах Ал-Џадид“ е еден од водечките независни ирачки весници на арапски јазик што се печати во Багдад и истовремено се објавува на интернет.
Поезија од Етернијан во превод на арапски јазик претходно беше објавена во египетското списание за литература „Надвах“, во универзитетското ирачко списание за култура „Алманар“ и во рубриката „Литература“ на популарниот палестински културно-информативен портал „Заитона“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поезија од Јовица Тасевски Етернијан објавена на српски јазик
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Преводот „Republika Ilinditase e Maqedonise” е погрешен според нормите на албанскиот јазик