Издавачката куќа „Магор“ објави нов превод на ремек-делото на светската книжевност – „Браќата Карамазови“ од еден од најголемите руски писатели на сите времиња, Фјодор М. Достоевски. Преводот е на познатиот преведувач и писател Паскал Гилевски.
„Браќата Карамазови“ се смета за едно од најврвните достигнувања во светската литература, најголемото и најсеопфатното дело на Фјодор М. Достоевски.
Станува збор за страстен филозофски роман, чие дејствие се случува во XIX век во Русија. Романот покренува длабоки етички дебати за природата на Бог, слободната волја и моралот. Тоа е еден вид спиритуална драма за моралните борби поврзани со верата, сомнежот, судењето и разумот, со заплет кој се одвива околу прашањето за убиството на таткото. Исполнет со страст, страдање, алчност, љубов, љубомора, тага и хумор – романот на Достоевски истовремено претставува филозофска и теолошка расправа, и врвна психолошка анализа на природата на човекот.
Според основачот на психоанализата, Сигмунд Фројд, „Браќата Карамазови“ е најголемиот роман на сите времиња“, а Фридрих Ниче ќе каже дека „Достоевски е единствениот психолог од кој сè научив: тој припаѓа на најсреќните изненадувања во мојот живот“. Џојс Керол Оатс, пак, истакнува дека „не постои друг писател кој подобро од Достоевски ги покажува противречностите и флуктуациите на креативниот ум, а тоа на најзачудувачки начин е изразено во ‘Браќата Карамазови’“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поезија од Јовица Тасевски Етернијан објавена на српски јазик
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Преводот „Republika Ilinditase e Maqedonise” е погрешен според нормите на албанскиот јазик