Советниците на СДСМ од Карпош го обвинија градоначалникот Стевче Јакимовски дека не е вистина дека им понудил соработка во Советот во Карпош, а неговиот став пак дека Социјадемкратите ја одбиле поканата го нарекоа смешен и за алиби.

– Јас како носител на советничката листа и член на Советот, ниту сум имал контакт ниту пак некој од нас, ниту пак во централата има информација за такво нешто, таков обид за иницијатива за соработка. Соработка во секој случај ќе имаме за доброто на граѓаните, она што е корисно за граѓаните на Карпош нема да го опструираме. Меѓутоа за оваа работа, коалиција, не сум имал барем јас до сега не сум слушнал, изјави меѓу другото носителот на советничката листа на СДСМ и член на советот на Општина Карпош, Иван Спирковски
Од кабинетот на Јакимовски ја повторија неговата изјава од вчера дека десет дена чекале на средба со социјалдемократите за евентуална соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


