| четврток, 6 декември 2018 |

Видео од терористичкиот напад во Тел Авив

Застрашувачката видеоснимка од вооружениот напад во израелски ресторан во Тел Авив. Напаѓачите носеле црни тренерки, а некои сведоци таа облека ја опишале како еврејска. Во вооружениот напад загинаа три лица, а девет беа повредени.


– Станува збор за терористички напад. Двајца терористи отворија оган на цивили – рекол шефот на полицијата, Моше Едри.

Двајцата напаѓачи биле фатени и дека на еден од нив му била пружена лекарска помош поради прострелна рана.

Полицијата соопштила дека напаѓачите се членови на исто семејство од палестинското село Јата, во близина на Хеброн на западниот брег, познат како жариште на насилства во текот на неодамнешниот бран немири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top