| четврток, 6 декември 2018 |

„Кариоките“ се рабудија, седум гола во мрежата на Хаити (видео)

Репрезентацијата на Бразил одигра феноменален натпревар во второто коло од Копа Америка. По нерешениот резултат без голови во воведниот натпревар со Еквардор, избраниците на Карлос Дунга до врв му ја наполнија мрежата на Хаити.

Играчот Луверпул Филип Кутињо беше клучен играч откако фудбалерот на Ливерпул постигна хет-трик во победата од 7-1. Ренато Аугусто два пати се запиша меѓу стрелците, а по еден гол постигнаа Габриел и Лима. Бразилците успеаја да ја оправдаат фаворитската улога, воедно и да најават дека и без помошта на Нејмар и на неколкуте повредени играчи сѐ уште ќе важат за сериозни кандидати за највисок пласман на ова натпреварување.

 

Еквадор и Перу ремизираа 2-2 во вториот натпревар од оваа група. Перуанците рано дојдоа до водство од 0-2 преку Куева и Флорес, но Еквадор, сепак, успеа да избегне пораз и благодарение на головите на Валенсија и на Боланос дојде до второто реми во низа на Копа Америка и се евентуална победа над Хаити во последното коло ќе се пласираат во следната рунда.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top