| четврток, 6 декември 2018 |

Не седнувајте зад волан пред да го направите ова

07052014181023_возење кола

Едно американско истражување открило дека возењето во дехидрирана состојба може да биде исто толку опасно колку и возењето под влијание на алкохол. Токму затоа, пред да седнете зад волан многу е важно да испиете доволна количина вода, особено во топлите летни денови.

Истражувањето се состоело од тестирање грешки за време на симулирано возење. Првиот ден испитаниците на секој час пиеле по една чаша вода и до крајот на денот направиле 47 грешки. Вториот ден, на секој час пиеле само по една голтка вода, правејќи вкупно 101 грешка. Грешките што биле најчесто правени вклучувале несоодветно менување ленти како и предоцно сопирање.

Како се поврзани возењето со пиењето вода? Човечкиот мозок не функционира оптимално кога е дехидриран. Дехидрацијата, исто така, негативно влијае врз вештините што се клучни за правилно возење, како бистрината на умот, благовремени реакции, фокус, концентрација, па дури и добро расположение. Кога на организмот му недостига вода, мускулите, исто така, не функционираат така како што би требало. Токму затоа секогаш пред да влезете во вашиот автомобил, пијте барем по една чаша вода…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top