Пратеникот на Демохристијанската унија Свен Петке присуствуваше на состанок на парламентот облечен во дрес на германскиот репрезентативец Жером Боатенг.
Тој одлучил да реагира по изјавата на истакнатиот политичар на десничарската Алтернатива за Германија, Александар Гуланд, дека „многу луѓе не би салкале црниот Жером да им биде сосед иако го сметаат за добар фудбалер“.
Боатенг, чиј татко е со потекло од Гана, е стандарден репрезентативец на Германија, со која во Бразил стана првак на светот пред две години, а ќе уествува и на Европското првенство о Франција, кое започнува утре.
Се срамам што седам во парламентот со Гуланд, изјавил Петке по состанокот одржан во парламентот по повод изјавата на Гуланд.
Ob das ein neuer #Dresscode im Brandenburger #Landtag wird? @SvenPetke trug #Boateng-Trikot.https://t.co/HqY0Q1audQ pic.twitter.com/tCenrvcBid
— Berliner Zeitung (@berlinerzeitung) June 8, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.