Директорот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, жестоко го нападна дефанзивецот Жером Боатенг, поради поразот од Ростов во ЛШ, порачувајќи му дека „треба да се спушти на земја“. Не се чекаше долг период, и Боатенг одговори на оваа критика.
– Искрено, многу се смеев на неговата изјава. Следен пат, сакам тоа да ми го каже в лице. Знам дека не одиграв добро, но треба да се земе предвид и повредата што ја имав. Не сум потполно подготвен, но сите критики се добредојдени – истакна Боатенг.
Тимот на Карло Анчелоти викендов славеше на натпреварот против Баер Леверкузен (2-1) и се доближи на три бода во однос на лидерот РB Лајпциг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.