Кандидатите за лидери на СДСМ нема да ја користат партиската говорница за промоција. Андреј Петров, генералниот секретар на Партијата, денеска на кандидатот за претседател на опозицијата, Кире Наумов му посочил дека ниту еден кандидат нема да добие говорница за време на кампањата пред претстојниот Конгрес закажан за 2 јуни.
Наумов, кој преку „Република“ прв ја најави трката за тронот на Бранко Црвенковски, денеска по долго време влезе во партиското седиште. Во петокот изјави дека испратил Писмо до Петров во кое бара список на делегатите, како и можност за користење на говорницата. Денес добил одговор дека партиската говорница до Конгресот на СДСМ нема да ја користи ниту еден од потенцијалните кандидати за претседател на СДСМ.
-За составот на највисокиот орган на СДСМ, Конгресот, не слушнав ниту еден логичен аргумент зошто е донесена одлука за ставање на печат на „партиска тајна“. Во моментов не би сакал да навлегувам во тоа дека никој го нема списокот, но ќе истакнам дека Конгресот на СДСМ е највисокиот орган на СДСМ, кој не смее да биде тајна. Ако претседателот на СДСМ, составот на ИО, составот на ЦО, како органи согласно статутот, се јавно објавени на веб-страницата на СДСМ, тогаш нема ниту еден аргумент зошто највисокиот орган на СДСМ, а тоа е Конгресот, треба да биде тајна. Неговото ажурирање не смее да биде обвиено со превезот на таинственост, зошто тоа може да фрли сомнеж во постапката за избор на претседател – рече Наумов.
Покрај Наумов, сбоите кандидатури ги објавија Зоран Заев, зад кого застана Радмила Шекеринска, Зоран Јовановски поддржан од гордан Георгиевски иАна Павловска- Данева и Игор Ивановски или попознат како Шема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


