Само неколку часа дожд беа доволни за да го потопат рускиот град Новоросијск кој излегува на Црното Море. Тажната слика од тоа како во моментов изгледа овој град ќе можете да ја видите на видеата кои се појавија на интернет.
Поројниот дожд кој неочекувано се појави над Новоросијск направи огромна штета. Жителите на градот се револтирани поради тоа што властите не превземаат ништо, а тие до сега повеќе пати се жалеле за одводот кој веќе извесно време не е во ред. Големата поплава која им ги потрупа домовите, имотот, па и самите нив, е поради тоа што не е саниран тој долгогодишен проблем.
На едно видео ќе видите како една девојка додека се вози во автомобилот на својот татко пее: „Ние пливаме…“. Во меѓувреме автомобилот лебди над брановите по преплавените улици на нејзиниот град. Од видеоснимките кои таа ги направила со својот телефон се забележуваат луѓе загрижени, вознемирени и збунети, уплашени за велосипедист кој остана без здив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)