| четврток, 6 декември 2018 |

Нов убедлив пораз на женската фудбалска репрезентација

fudbalerki

Женската фудбалска репрезентација на Македонија го доживеа и седмиот пораз во исто толку натпревари во квалификациите за ЕП 2017. На гостувањето на Исланд, избраничките на селекторот Кирил Изов загубија со убедливи 8-0, продолжувајќи го трендот на катастрофални порази во последните неколку меча. Македонија е последнопласирана во групата 1 со ниту еден освоен бод, и со гол разлика 2-45.

Исланѓанките поведоа со голот на Фридриксдотир во 15. минута, а потоа се редеа голови во мрежата на Панчурова, а потоа и на Ѓурова. На полувреме Исланд имаше водство од 6-0, а на крајот славеше со 8-0. Противникот имаше 30 обиди кон нашиот гол, а Македонија ниту еден на спротивната страна. Тоа доволно отсликува за ситуацијата на теренот и надмоќта на Исланѓанките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top