| четврток, 6 декември 2018 |

„Министерот“ Ристовски: Поразот нека ни биде поука

borko ristovski

Македонската ракометна репрезентација доцна синоќа на Исланд доживеа минимален пораз од 30-29 од домашната репрезентација во рамките од квалификациите за Европското првенство.

Голманот Борко Ристовски одигра одличен натпревар и забележа 15 одбрани, но тоа не беше доволно за добар резултат, но и покрај тоа, Македонија сама си ја одлучува судбината за пласман на шампионатот во Хрватска.

„Министерот за одбрана“ смета дека токму ваквите натпревари треба да бидат поука за подигнување на нивото на играта која оди во посакуван правец.

borko ristovski 1

Следниот квалификациски меч во циклусот за ЕП 2018 нашата репрезентација го игра во јуни, на гостински терен кај Украина. Потоа, следи меч на домашен терен против Чешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top