| четврток, 6 декември 2018 |

Меси се враќа во аргентинската репрезентација за мечот со Панама

mesi

Селекторот на Аргентина, Херардо Мартино, истакна дека најдобриот фудбалер во селекцијата, Лионел Меси, ќе биде подготвен за натпреварот против Панама, кој се игра в петок, на Копа Америка.

– Се што треба да направи Меси е да заздрави добро, и да игра на следниот натпревар. Тој претрпе незгодна повреда со Хондурас, а после тоа продолжи со лесни тренинзи. Меси работеше на физички план овие неколку денови, и очекуваме дека ќе биде подготвен за натпреварот со Панама – истакна Мартино.

Меси заработи повреда на грбот за време на пријателскиот натпревар против Хондурас на 27 мај, и големи се шансите тој да заигра за својата репрезентација в петок на Копа Америка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top