Тенк од времето на Советскиот Сојуз удрил во дискотека во градот Шубин во Полска, за време на свеченото отворање и целосно ја расипал забавата.
Во инцидентот никој не е повреден, а несреќата се случила кога гостите кои дошле на промоцијата на новиот клуб, чиј дел требало да биде и прикажување на советските машини, само што почнале да пристигнуваат.
– Сопирачките и управувачот на тенкот откажаа кога сакав да го паркирам пред клубот, изјави Рафал Пасионек, сопственик на тенкот и дискотеката „Моно клуб“.
– Имав среќа што тенкот запре при ударот во бетонскиот столб. Да поминеше и тука сигурно ќе имаше многу штета – додаде Пасионек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)