Шпанската репрезентација дефинитивно важи за еден од фаворитите на претстојното ЕП во Франција, но оноа што е сигурно е дека атмосферата во екипата не е на потребното ниво.
Недостасуваат неколку играчи кои настапуваа во квалификациите, селекторот Дел Боске многу го менуваше составот, па така сега во Франција ќе настапи без Диего Коста, Казорла, Саул Нигез, Иско…
Ова на многумина не им се допадна, па сега атмосферата е нарушена, а тоа можеше да се види и на денешниот пријателски натпревар против Грузија.
Шпанија вечерва на домашен терен во Мадрид загуби од репрезентацијата на Грузија со 1-0, а стрелец на единствениот гол беше Окриашвили во 40. минута.
Шпанците беа доминантни на теренот кога се работи за посед на топка, имаа околу 75%, преку 15 упатени удари кон голот, но ниту една не го совлада грузискиот голман.
Тијаго и Лукас Васкез имаа шанси за гол во првото полувреме, Нолито и Силва во второто, но „црвената фурија“ остана без погодок.
Шпанија се наоѓа во групата „Д“ на ЕП во Франција, каде ќе играат против Чешка, Турција и Хрватска, а со ваква игра како вечерва можно е да се очекува и некое непријатно изненадување уште во групната фаза.
Првиот меч Шпанија го игра против Чешка, во недела во 15 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)