| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Груевски-Хајндл: ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реформите и напредокот (Видео)

На средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл се разговараше за повеќе актуелни теми поврзани со политичката состојба во државата, како и европските интеграции и активностите кои се превземаат за исполнување на високите критериуми, информираат од партијата.

Груевски, се вели во партиското соопштение,  посочи дека партијата е посветена и работи на надминување на политичките предизвици, како и фактот дека деструктивното однесување на опозицијата нанесува штета на државата и никако не оди во прилог на надминување на актуелната состојба. Тој нагласил дека е потребна конструктивност базирана на разумно однесување од кое полза ќе имаат граѓаните на Република Македонија кои посакуваат стабилизација и враќање на просперитетот и продолжување на економскиот развој.

-ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на патот кон реформите и напредокот- истакнал Груевски.

Тој посочил дека за ВМРО-ДПМНЕ избори се прифатливи во секој термин, но притоа нема да се дозволи државата и граѓаните повторно да бидат заложници на ново лицитирање со термини, како што тоа беше во изминатиот период.

-Во таа насока и со цел неоправдано да не се истакнуваат изговори за неодржување на избори, СДСМ ќе мора да даде потврда и да се обрзе дека избирачкиот список е прочистен, а во периодот кој следи посветено ќе работат на подигање на довербата во Избирачкиот список, иако тој за ВМРО-ДПМНЕ никогаш не бил спорен сегмент- изјави на средбата Груевски.

gruevski-hajndl 740
Во однос на интеграциските процеси, Груевски подвлече дека активно се работи на исполнување на акцискиот план за итни реформски приоритети при што се изготвуваат повеќе предлог законски решенија и нормативи кој ќе бидат предложени во многу кус период.

Груевски истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ врвен интерес е напредок во интеграциските процеси како и спроведување на интензивната реформска агенда која подразбира дополнително унапредување на состојбите и критериумите во повеќе општествени области, согласно препораките на Европската Унија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ќе се продолжи и со реформите и реализација на проектите кои се ветени пред граѓаните, со цел подобрување на стандардот и напредок на државата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top