| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанец извршил полов напад врз 7-годишно дете

Вчера во полициската станица Охрид, 32-годишна охриѓанка пријавила дека истиот ден околу 12.30 часот 73-годишен жител на градот извршил полов напад врз нејзината седумгодишна ќерка.

педофил

Додека детето се враќало од училиште по ул.„Св. Климент Охридски“, ја викнал сторителот и извршил полови дејствија врз неа.

Т.Т. е приведен и задржан во полициската станица Охрид за понатамошна постапка. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top