| четврток, 6 декември 2018 |

Каде да се отиде викендов? Неколку предлози за уживање подалеку од градскиот метеж

Ни се ближи викенд и веќе повеќето од нас кројат план каде може да се отиде, а да се избегне градската гужва, да се помине убаво и секако да не, не чини многу скапо. Доколку сте од Скопје и не сакате да се оддалечите многу од градот, а сте за чист воздух, жуборење на вода и планина идеални за пикник, Матка и Водно се едно од излет решенијата. Секако за љубителите на авантуристичко лето тука е и аквапаркот, кој за посетителите своите врати ги отвара на 10 јуни. Погледнете ги во продолжение неколкуте предлози кои и ќе ви дадат идеја како и каде со мал буџет можете да си уживате викендов.

Кањон Матка

5046870_orig

Во близина на Скопје (на 15 км) сместен е кањонот Матка. Место каде што може да се релаксирате од градскиот метеж и да уживате во чистиот воздух. Кањонот и вештачкото езеро нудат вистински спокој за душа. Имате можност да уживате во зелената околина, свежиот воздух и песната на птиците. Реката Треска пак можат да ја уживаат сите оние кои се љубители на кајакарството.
Овде се и неколку ресторани кои служат традиционални специјалитети, но и пешачките патеки со изнајмување на кајак може да се истражи езерото и да дознаете нешто повеќе за прекрасните изолирани места. Тука е и црквата „Св. Андреа“. Матка е препознатлива и по пештерата Врело. И секако доколку сакате пикник авантура покрај река исто така е убав избор за еден прекрасно поминат излет, надвор од џинглата во градот.

Аквапарк „Борис Трајковски“

akva-park1-1024x674

Доколку сакате да се освежите од горештините кои ќе следуваат, а воедно и да се забавувате, аквапаркот во рамки на Арената „Борис Трајковски“ ги отвора вратите за своите посетители на 10 јуни. Можност за убаво поминато време за целото семејство. Базени, топоган, скокалници, мрзлива река, остров за реласација…Наменет за млади, безбеден по сите светски стандарди. Билетот за велз за возрасни чини 300 денари, а предвиден е и попуст за поголеми групи. Аква – паркот е лоциран на 10тина минути од центарот на Скопје.

Водно

vodno_cross_800-610x400

Сакате свеж воздух, козји патеки и панорамски поглед? Тогаш изборот може да падне токму на Водно. Средновисоката планина е сместена во јужниот дел на Скопската Котлина. Доколку сакате може да се искачите и до највисоката точка на Водно, врвот Крстовар, висок 1.066 м каде се наоѓа колосалниот Милениумски крст. Со помала физичка подготвеност ќе ви биде потребно час и половина со пешачење. До крстот сообраќа кабинска жичница која го носи неговото име. Билетот за да се возите и уживате во панорамскиот изглед ќе ве чини 100 денари. За одмор можете да го искористите планинскиот бунгалов, каде доколку сакате и си имате понесено со себе може нешто да каснете или да се напиете. Овде најчесто ве пречекуваат планинари кои доколку сте расположени ќе ве прошетаат преку козји патеки низ шумата на планината.

Село Беловиште

vikend-predlog-selo-beloviste-01

vikend-predlog-selo-beloviste-03

Посетите нешто поинакво и побегнете од гратскиот метеж. Селото Беловиште е добар избор за релаксиран и несекојдневно поминат ден. Ова село има прекрасна живописна природа. Сместено на надморска височина од околу 900 метри и поради тоа има идеална клима, која вреди да ја посетите барем на еден ден. Тука ќе може да ја посетите црквичката „Св. Петка“ во која тече лековита вода. Велат дека водата ги лечи сите болести на очите. Има манастир, жуборењето на реката ви дава идиличен спокој. Доколку некогаш сте посакале да правите пикник, а сте немале идеја каде, тука се наоѓа најубавото излетничко место Петочко Водиче, каде што ќе можете на веќе поставени места за скара сами да си направите и да уживате во убавините. За љубителите на специјалитети и готова храна местово има и неколку ресторани. Беловиште се наоѓа во близина на градот Тетово, поточно припаѓа во општината Јегуновце. Со патничко возило во еден правец дотаму би платиле 80 денари за две патарини.

Лаките – излетничко место во битолскиот дел на Мариово

bela-reka-02

Лаките е една од попознатите места за излет во битолскиот дел на Мариово.
Одличната клима, живописната природа и чистата река Белица (Бела Река), која тече во непосредна близина овозможуваат незаборавно искуство при посетата на ова место.
Ако сте за авантура и несекојдневно патешествија, тоагаш треба да знаете дека оваа локација е достапна само со теренско возило и се препорачува пред тргнување на пат, добро да се проучи трасата. Доколку немате теренско возило, а сакате да ја посетите оваа локација или, пак, некоја друга локација во Мариово,можете да изнајмите џип. За да стигнете до ова излетничко место со патничко возило патот со се патарини ќе ве чини околу 1.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top