Неодамна човек по име Марк видел две момчиња во Флорида. Биле валкани, само во пелени и седеле на еден куп ѓубре.
Се распрашал наоколу и дознал дека се браќа на возраст од седум месеци и две години, пишува „Литл тингс“. Родителите им биле бездомници и живееле во шатор во шума.
Рони и Кристал Стјуарт сфатиле дека децата припаѓаат на семејство што често јаде оброци во народната кујна, која е дел од нивната црква.
И покрај фактот дека Рони и Кристал имаат три деца, не можеле да дозволат овие две момчиња да останат надвор бидејќи доаѓала бура. Ги замолиле родителите да ги земат децата на една вечер за да ги искапат во топол дом и да ги нахранат. Тогаш Кристал сфатила во колку лоша состојба се децата. На нив имало безброј видливи каснувања од бубалки, а кожата на нозете, буквално, им паѓала.
Следната недела Рони и Кристал оделе на миса, кога им се доближиле родителите на децата. Им поставиле прашање што ги изненадило, а одговорот им го променил животот на сите.
Ги прашале, дали на нивните деца би им овозможиле покрив над главата? А одговор им бил потребен веднаш бидејќи Центарот за социјални работи им се заканувал дека ќе им ги одземе децата.
Тие се согласиле, а со тек на времето ги исполниле сите законски документи и постапката е при крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)