| четврток, 6 декември 2018 |

Неуспешна приказна за Македонија

lidija-dimova

Родена: Да скока

Форма: Фит

Програма: Нема, а и не ѝ треба

 

Приказната за опозицијата е уште една неуспешна приказна за Македонија. Приказните за режимот, тиранинот и жртвите се уште една неиздржана приказна од Македонија. Лажни и надуени приказни од Македонија излетуваат преку НВО-балоните Сорос, патуваат до Брисел, низ Европа, а заедничко им е што сите тие летаат високо во облаците, не стојат цврсто на земјата и се далеку од вистината.

Сепак, во лажната приказна за Македонија има нешто и вистина. За тоа не се зборува многу, особено не онаму каде што треба, но тоа и не е толку важно. Важно е да се забележи дека паднала уште една жртва на режимот. Оп, скок, бум-трес! Ете баш така, скокнала, па паднала на поткрепа од 10.350,250 денари во последниве ве години соборката на Петре, Лидија од Димови, нафатирана со пари Соросови.

Лидија е од подебелите жртви на режимот. Одамна е во опозициските врвови, длабоко залегната во НВО ровови. Програма нема, а и не ѝ треба. Па за опозиција без мускули и не треба програма. Има шарена маичка, СЈО за преперување и тоа ѝ е доволно. Секое попладне „уа“ по улиците, малку лаење по Бриселите, малку скокање во Собрание. Формата – фит!

Лидија имала блескави моменти во македонската политика. Од „Приказната за ИПА фондовите е неуспешна приказна во Македонија“ во 2012 година до скокањето врз програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Да, на говорница. Неверојатно, но толку многу вистинито што нема зборови за нејзините скокови. Веста се пренесува како видеовест, без зборови. Молк. Така и нека остане, зашто не заслужува ни да се опцуе.

И додека Лидија е повторно на улиците, ги шара спомениците, тотално сдсмовски профитира од уништување, нека останат запаметени нејзините зборови:

„Овие пари не се вечни. Ако не се потрошат, ќе ги изгубиме. Извесно е дека ќе има проблеми со изведбата. Граѓаните на општина Прилеп треба да се загрижени со оглед на фактот дека нешто што сме можеле да го имаме во 2007/8, евентуално во 2009 година, го немаме во 2015 година. И, којзнае кога ќе биде направена пречистителната станица. Поучени од сите овие лекции и искористувајќи ги сите можности што ЕУ ги нуди, СДСМ кога ќе дојде на власт, сигурно ќе постапува поинаку.“

Молк. Така и нека остане, зашто не заслужува ни да се опцуе.

Текстот е објавен во 196 број на неделникот „Република“, на 3 јуни 2016 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top