Меѓународниот олимписки комитет во петокот го објави конечниот список на првиот бегалски тим во историјата на натпреварувањето
Една од најлошите бегалски кризи во историјата доведе до раселување на преку 60 милиони луѓе во светот. Многу од нив, се испостави, се врвни спортисти, а 10-те најобри ќе се натпреваруваат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро летов.
Меѓународниот олимписки комитет во петокот го објави конечниот список на првиот бегалски тим во историјата на натпреварувањето. Од 10 спортисти двајца се од Сирија, пет од Јужен Судан, двајца од Демократска Република Конго, а еден од Етиопија.
– Овие бегалци немаат дом, тим, знаме и химна, рече претседателот на МОК Томас Баи и додаде: Ќе им понудиме дом во Олимписокото село, каде што ќе живеат со останатите спортисти. Олимписката химна ќе ќе се интонира во нивна чест, а на теренот ќе настапат под олимпиското знаме.
Бегалскиот олимписки тим го сочинуваат следниве спортисти:
Рами Анис – пливач
Јусура Мардини – пливачка
Јич Пур Бил – тркач на 800 метри
Џејмс Њанг Чиенгијек – тркач на 400 метри
Пауло Амотун Локоро – тркач на 1500 метри
Ангелина Нада Лохалит – тркач на 1500 метри
Росе Натинке Локоњен – тркач на 500 метри
Пополе Мисенга – џудист
Јоланде Букаса Мабка – џудист
Јонас Кинде – маратонец
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)