| четврток, 6 декември 2018 |

Атлетико одби околу 400 милиони евра и го задржа Симеоне на клупата

diego simeone

Навивачите на Атлетико Мадрид можат да здивнат на шпекулациите околу заминувањето на Диего Симеоне од столчето на „јорганџиите“, откако претседателот на клубот, Енрике Серезо потврди дека Симеоне ќе остане во тимот и во наредниот период.

– Атлетико Мадрид досега одби околу 400 милиони евра за четворицата најдобри играчи, Јан Облак, Диего Годин, Антоан Грижман и Саул Нигез, и така го обезбеди останувањето на Симеоне во клубот. Навивачите можат мирно да спијат, затоа што неговиот договор има важност уште четири години – истакна Серезо.

Атлетико Мадрид оваа година беше поразен од Реал Мадрид во финалето од ЛШ, после изведувањето на пенали, а сезоната во Примера ја заврши на третата позиција со 88 бодови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top