Манчестер Сити и Баерн Минхен закажаа пријателски натпревар на 20 јули на „Алијанц арена“. Тоа ќе биде првото враќање на Пеп Гвардиола откако се прости од баварскиот гигант. Од први јули, Каталонецот и официјално ќе го преземе кормилото на „граѓаните“, а својот деби-настап како нивен тренер ќе го има на местото на кое се задржа три сезони и освои исто толку шампионски титули.
Овој пат, домаќин ќе биде Карло Анчелоти за кого меѓусебиот дуел воедно ќе биде деби на клупата на германскиот шампион. Двата тима имаат голем број играчи кои ќе земат учество со своите национални селекции на претстојното континентално првенство, со што значи дека дефинитивно на пријателскиот меч шанса ќе добијат и новајлии.
Двете екипи во изминатите пет години трипати се погодија во иста група во рамки на Лигата на шампионите. Последниот пријателски натпревар го одиграа на истото место, пред три години, а Баерн славеше со головите на Томас Милер и на Марио Манџукиќ.
Во меѓуебните тренерски дуели, Анчелоти со својот Реал го преслуша Гвардиола во нокаут фазата 2013/2014 од ЛШ со конечен скор од 5-0. Гвардиола, за нешто повеќе од еден месец ќе има шанса да се реваншира за тој пораз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.