Терористите на групата Фалјак Ал-Шам се пофалија со видео на кое се гледа како со проектил погодуваат група сириски војници кои може да се види како преминуваат еден ѕид.
Но, подоцна се покажа дека тоа не се војници на сириската армија, туку борци на Ал Нусра Фронт, кои заедно со терористичките групи Асалах, Танмиџан, Ал-Акса, Ал-Шамн, Фалјак Ал-Шам, Ајнад Ал-Шамн и некои други помали терористички групи, учествуваат во офанзиваат против сириската војска во јужен Алепо.
Во пријателскиот оган, убиен бил еден од најважните команданти на Ал Нусра Фронт, Омер Ал-Дагестани. Оваа информација за големата грешка на борците на Ал-Шам ја потврдија бројни арапски медиуми.
Според локалните медиуми, Ал-Дагестани бил убиен со уште тројца милитанти на Ал Нусра Фронтот, сирискиот огранок на Ал Каида, откако проектил ги погодил нивните позиции. На видеото може да се види како проектилот на наведување “ATGM” од американско производство ја погодува групата на војници, а потврдено е дека истиот бил лансиран по грешка од борците на Фалјак Ал-Шам.
Оригиналната снимка со која терористите на Ал-Шам се пофалија на својот канал на ЈуТјуб буквално ги разнесе арапските социјални мрежи и за само неколку часа имало стотици илјади прегледи. Сепак подоцна откако се покажало дека е убиен Ал-Дагестани, голем број на луѓе реагирале и побарале „видеото од смртта на нивниот идол“ да биде отстрането.
Групата на борци кои може да се видат на видеото е формирана лично од Омер Ал-Дагестани. Станува збор за група составена од борци кои што доаѓаат од просторите на поранешниот Советски Сојуз (претежно Кавказ), односно станува збор за Чеченци, Дагестанци, но и Турци.
На крајот, „несреќниот случај“ го призна и исламистичкиот портал „Патот на верникот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка