| четврток, 6 декември 2018 |

Дали кафето навистина не расонува?

кафе

Многу често се случува присуството на хроничен замор кај луѓето да биде показател за постоење на одреден здравствен проблем. Најчесто станува збор за анемија и пореметување на работата на тироидната жлезда.

Покрај хормоналните промени, како главна причина за хроничниот замор се смета современиот начин на живот.

Кафе за добро утро, кафе за одмор и разговор, кафе пред и за време на напорната работна задача… Љубителите на кафето ќе речат дека не само што е уживање, туку и стимул за организмот.

И до некаде се во право, кафето навистина има стимулирачки ефект.

Но, откако ќе попушти врвот на задоволството и стимулирачкиот ефект ќе почне да опаѓа може да се чувствувате уште повеќе уморни отколку предходно.

Тоа е така бидејќи мозокот не сака да се игра со неговата хемија толку често, па поради тоа отпушта хемиски материи кои ги поништуваат стимулирачките ефекти на кофеинот во кафето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top