| четврток, 6 декември 2018 |

Вандализам, ултиматум и дивеење: „Шарените“ на СДСМ целосно го обоија плоштадот (ФОТО/ВИДЕО)

Нови ултиматуми постави „Шарената револуција“ во име на СДСМ со кои во основа се бара влез во Владата без избори. На чело на протестот беше Зоран Заев.

2016-06-06__1_

Со кофи фрлаа црвена боја и со ваљаци во рацете размачкуваа по целата површина на плошатдот, вака „Шарената револуција“ зад која стои СДСМ и СОРОС денеска продолжи со уништување на спомениците и плоштадот „Македонија“. Граѓаните кои се шетаа низ центарот на градот не можеа да поминат низ плоштадот па мораа да заобиколуваат по споредните улички.

2016-06-06

Покрај плоштадот, вечерва СДСМ продолжи и со нивните традиционални мети за уништување владата и Собранието, сето тоа под будното око на лидерот Зоран Заев кој беше на чело на протестите.

zaev_sred

СДСМ дури и постави рок до кога треба да се исполнат нивните барање, во спротивно ќе преземеле и порадикални мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top