Шест професори, еден асистент и сопственик на бифето биле дел од полициската истрага која денеска се спроведуваше на Економскиот факултет во Скопје.
Како што дознава Прес24 станува збор за професорите Д.Ј. , С.Р. , Т.Ф. , И.Ј , С.Д. , Б.С. , асистентот Д.Д. и сопственикот на бифето Д.Т.
Во текот на денешниот ден по наредба на судот извршени се претреси во седум домови, четири професорски кабинети, во студенсткото бифе и во одделот за студентски прашања.
Сите лица опфатени во акцијата се сомничат за серија дела од областа на корупцијата. Станува збор за кривични дела поврзани со давање и примање мито, посредување, злоупотреба на службена должност и овластувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


