| четврток, 6 декември 2018 |

Таа е најмоќната жена на светот

Шести пат по ред германската канцеларка Ангела Меркел е на првото место на листата на најмоќни жени, што ја објавува магазинот „Форбс“.
1380

Листата од 2004 година се составува врз основа на „пари, медиумски интерес и влијание“.
На листата на највлијателни жени на светот има 100 жени од 29 земји, а меѓу нив се вбројуваат политичарки, бизнисменки, филантропи. Опфатени се 12 лидери на држави и влади, 32 директорки на големи компании и 11 милијардерки.

Најмлада жена на листата е 41 годишната директорка на Јаху Мариса Маер на 55 место, а најстара е британската кралица Елизабета втора која се најде на 29 место.
Меркел досега вкупно 11 пати била највлијателна жена според Форбс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top