| четврток, 6 декември 2018 |

Гудуриќ го потопи Партизан со тројка во последната секунда (видео)

Можеби една од најитересните финални серии за титулата во кошаркарските шампионати во Европа е онаа во Србија, каде вечните ривали Црвена Звезда и Партизан се борат за тронот.

По првиот натпревар во кој Звезда беше домаќин и кој до доби убедливо, синоќа во салата „Алексадар Николиќ“ Партизан испушти победа и му дозволи на противникот да поведе со 2-0.

„Црвено-белите“ славеа со последниот шут на младиот Марко Гудриќ кој успеа да погоди од табла од повеќе од осум метри далечина. Претходно на шест секунди до крајот Партизан имаше предност од два поена (86-87).

риумфот е уште посладок ако се знае дека Партизан кон крајот на втората четвртина имаше огромна предност од 20 поени, но избраниците на Џикиќ одиграа многу слабо во првиот дел од четвртата четвртина, кога му дозволија на противникот да се врати, па потоа и со тројката на Гудуриќ да донесе водство од 2-0.

Погледнете ја драматичната завршница на овој суперинтересен натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top