Синоќа во Оукленд беше одигран вториот натпревар од финалната серија во НБА лигата меѓу Голден стејт и Кливленд. За разлика од првиот меч кога актуелниот шампион победата ја извојува во последната четвртина, во синоќешниот дуел, Кари и другарите беа убедливи против „кралот“ Џејмс и го декласираа тимот на Кливленд со 110-77.
Последен пат, Кливленд беше во водство во третата минута од вториот период и тоа со 28-27 по што следуваше серија од 15-2 на Голден Стејт за преземање на водството кое шампионот не го испушти до крајот.Секогаш кога Кливленд ќе се доближеше на 6-7 поени негатива или ќе направеше серија од неколку коша, следуваше жесток одговор и разликата постојано се зголемуваше.
Приказната заврши пред крајот на третата четвртина кога домашните кошаркари поведоа со 82-62, а во третата постојано беше околу 30 разлика. Кога прашањето околу победникот беше решено, дури и резервните кошаркари “нагазија” и не дозволија да падне под таа граница.
Повторно како и во првиот меч браќата „сплеш“ не беа на висина на задачата и постигнаа само 35 поени, додека синоќа блесна Дејмон Грин со 28 поени.
Кари постигна 18, но шутна “само” 11 пати од поле, додека Томпсон имаше еден поен помалку. На спротивната страна Леброн Џејмс беше единствен на ниво со 19 поени, девет асистенции и осум скока, но и дури седум загубени топки, најмногу од сите на теренот. И по вториот меч, Кливленд не ја мина границата од 90 постигнати поени, а на двата натпревари прими над 100.
Целосно потфрлија ѕвездите на Кливленд, Леброн постигна 19 поени, Кајри Ирвинг само 10, додека Кевин Лав мизерни пет.
Голден Стејт е првиот тим по 2009 година што во финалната серија повел со 2-0. Тогаш Лос Анџелес Лејкерс имаше таква предност против Орландо Меџик и на крајот славеше со 4-1. Инаку, само три екипи во историјата на НБА лигата успеале да излезат како победници откако во финалето ги загубиле првите два натпревари: Бостон против Лејкерс во 1969 година, Балтимор против Њујорк две години подоцна и Мајами против Далас во 2006. Вкупно, во историјата на НБА плеј офот, дури 94% од екипите што воделе со 2-0 на крајот ја добиле серијата.
Следните два натпревари од финалната серија се играат во Кливленд, а првиот е на програмата в четврток рано наутро, три часа по полноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)