Македонската манекенка и позната лото-девојка Маја Ристевска, од неодамна Костовска, и нејзиниот сопруг фудбалерот Јован Костовски, викендов направија свадбена веселба за семејството и блиските пријатели.
Маја и Јован во матично потпишаа минатото лето, а сега двојката го прослави бракот со најблиските. За венчаницата на Маја, која ги собра сите комплименти на социјалните мрежи, се погрижи Тања Кокев, додека фотографиите и свадбеното видео беа оставени во искусните раце на „Зага продукција“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.