| четврток, 6 декември 2018 |

Перо Антиќ најефикасен, но Фенербахче загуби од Ефес

pero antic

Перо Антиќ одигра уште еден одличен натпревар за Фенербахче, но тоа не беше од преголема помош за неговиот тим кој претрпе убедлив пораз од 91-70 на гостувањето против Анадолу Ефес, за израмнување на 1-1 во финалната серија од турскиот шампионат.

Откако не настапи на првата средба, Антиќ се појави во ростерот на Фенербахче на денешниот натпревар и беше еден од најдобрите кошаркари на Жељко Обрадовиќ. Македонецот на теренот мина 21 минута, при што реализираше 14 поени (беше најдобар стрелец на својот тим заедно со Удох), а зад неговото име остана запишан и еден скок на оваа средба.

Сепак, Фенер одигра очајно второ полувреме што го загуби со 44-24, за заслужен пораз на ова гостување против градскиот ривал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top