Одличниот бек на Јувентус, Швајцарецот Стефан Лихтштајнер, најави дека ќе си замине од Торино во текот на овој летен преоден рок. Тој долги години ги брани боите на „бјанконерите“, но сега е подготвен за нов предизвик во својата кариера.
– Фудбалот и животот се такви, еден ден сте на едно место, друг ден на друго. Ќе видиме што ќе се случи – истакна Лихтштајнер.
За неговите услуги интерес постои од Пари Сен Жермен. Но, се зависи од Јувентус и висината на отштетата за која би се договориле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.