| четврток, 6 декември 2018 |

Марк Гасол: Нема да можам да играм на ОИ во Рио

Вчера селекторот на шпанската кошаркарска репрезентацијата Серџио Скариоло го објави поширокиот список на репрезентативци на кои ќе смета за подготовките за Олимписките игри во Рио во август.

Според имињата, овој список ги израдува навивачите на „црвената фурија“ бидејќи на него беа имињата на браќата Гасол.
Сепак само еден ден по објавувањето на списокот, се огласи и помалиот брат Марк кој е челен на НБА тимот Мемфис Гризлис, со образложение дека неговата поведа сеуште не е залечена и дека е кратко времето за негова целосна рехабилитација.

Гасол го повреди стапалото за време на регуларниот дел од НБА сезоната, а опоравувањето минува побавно од очекуваното.

– Нема да лажам, тешко дека ќе настапам на Олимписките игри. Се уште не можам да трчам, а подготовките почнуваат за помалку од еден месец. Многу ми е жал – вели Марк Гасол.

Ниту неговиот постар брат, По Гасол, не е сигурен својот настап, бидејќи е загрижен околу ситуацијата со вирусот „Зика“ во Бразил. Сепак, и двајцата се наоѓаат на поширокиот список од 24 кошаркари кои треба да се појават на почетокот на подготовките за ова големо натпреварување-

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top