Како што платеничката „револуција“ тоне во очај така СДСМ и Сорос бараат се потешки криминалци да застанат на нивна страна. Ви ги откриваме луѓето кои позади себе имаат дебели криминални досиеа, неколку убиства и тешки кражби кои го нападнаа таткото што се обидуваше своето болно дете да го однесе на доктор, пишува порталот ИНФОМАКС.
Со нивните возила СДСМ се обидува преку ден да го наруши живеењето на Скопјани, загрозувајќи ја нивната слобода на движење, надевајќи се дека тоа ќе предизвика доволно гнев за криминалците кои се собираат на протестите да предизвикаат конфронтација и ескалација на состојбите, пишува порталот.
Од партијата се свесни дека долгогодишните партиски кадри не се согласуваат со политиките на Заев и Шеќеринска, па прибегнуваат кон крајни алтернативи, ангажирање на тешки криминалци со дебели криминални досијеа за убиства, тепачки, тешки телесни повреди, фалсификување на документи и исправи да ги бранат интересите на Заев.
Ова се луѓето, криминалци со педигре кои Заев ги ангажира на протестите, објавува Инфомакс.
Според сознанијата кои ги има Инфомакс од свои извори во полицијата, неколкуте возила кои беа ангажирани за блокада на цел град се во сопственост на лица кои и се добро познати на полицијата. Тоа што е познато е дека Заев со 10-тина возила се обиде да го блокира цел град. Децата, пензионерите, родителите, вработените, бизнисмените сите тие беа потенцијални жртви на црните сценарија на Заев кој се обиде со помош на криминалци да предизвика инциденти како оној со таткото кој беше нападнат бидејќи се брзаше своето болно дете да го однесе на доктор.
Освен овие криминалци, во друштво на Заев се и истакнати мафијаши како што е Закир Беќири – Чауш кој масовно фалсификуваше исправи и разни документи, Зоран Верушевски чиј син долги години лежеше затвор поради убиство и нанесени тешки телесни повреди, Хаџибулиќ кој со гордост објавува фотографии со Заев итн, пишува Инфомакс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)