Турската актерка Мерјем Узерли веќе извесно време ужива во стабилна врска со бизнисменот Алпо Оџакан, а како што пишуваат турските медиуми, парот е на чекор до венчавка.
Се чини дека лошата среќа во љубовта конечно ја напушти убавата турска актерка Мерјем Узерли, а ако им се верува на турските таблоиди, популарната Хурем конечно би можела да застане на лудиот камен. Актерката која бившиот свршеник ја остави откако остана трудна, конечно е среќна. Парот секој слободен момент го минува заедно, а сите се убедени дека оваа врска ќе заврши среќно, односно со брак.
-Многу се среќни и се почесто зборуваат за брак- порачуваат нивните пријатели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.