| четврток, 6 декември 2018 |

Говор за малер: Обама ги поздрави новите пилоти, а потоа им се урна авионот (ВИДЕО)

piloti

Авион на акробатските сили на американската војска – Тандербирд се урна во текот на вчерашниот ден за време на промоцијата на кадетите на Академијата на воздушните сили на САД.
Ловецот се срушил по летот над Академијата на военото воздухопловство на Соединетите Американски Држави во сојузната држава Колорадо, за време на свечената церемонија за доделување на дипломи на која што лично учествувал претседателот на САД, Барак Обама.

Имено, американскиот претседател Обама држел говор пред насобраните кадети од академијата, а потоа се случила несреќата и паднал авионот од типот Ф-16.
Според првичните информации кои што ги пренесе телевизијата “9 News”, пилотот на ловецот од типот Ф-16 успеал навремено да се катапултира и поминал без повреди.

„Пилотот се катапултирал јужно од аеродромот Колорадо Спрингс. Засега нема податоци поради кои причини се срушил авионот“, објавла американската телевизија, пренесува новинската агенција “AFP”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top