| четврток, 6 декември 2018 |

За трансферот на Варди во Арсенал потврда и од Раниери: Се е вистина!

ranieri i vardi

Клаудио Раниери разочарано ја потврди веста дека Лестер во текот на летово ќе остане без својот најдобар стрелец, Џејми Варди, кој кариерата ќе ја продолжи во дресот на Арсенал.

„Топчиите“ пред два дена испратија понуда од 20 милиони фунти со што ја активираа клаузулата во договорот на Варди со Лестер, но голгетерот во прв момент ја искажа својата лојалност кон клубот со кој стана шампион. Сепак, ситуацијата се промени откако Арсенал му понуди на Варди плата од 120.000 фунти неделно, плус богати бонуси, по што англискиот репрезентативец го смени својот став.

– Се е вистина – кратко одговорил Клаудио Раниери на прашањето за својот најдобар стрелец, видно разочаран од ваквиот развој на настаните.

Варди во текот на утрешниот ден ќе ги мине и лекарските прегледи, по што веднаш ќе биде комплетиран и трансферот за голгетерот да се насочи целосно кон настапот за Англија на ЕВРО 2016.

Покрај Варди тимот на Лестер сигурно ќе го напушти и Канте, а останува да се види дали на ваков потег ќе се реши и Марез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top