| четврток, 6 декември 2018 |

Мугуруза ја победи Вилијамс и славеше во финалето на Ролан Гарос

gabrine muguruza

Гарбине Мугуруза дојде до својот прв грен слем трофеј во кариерата откако денеска во големото финале на Ролан Гарос ја совлада Серена Вилијамс во два сета со 7-5 и 6-4. Тоа е нејзина прва гранслем титула во кариерата.

Гарбине Мугуруза подобро го започна мечот и направи брејк, поведувајќи со 4-2 во гемови. Но, Серена Вилијамс возврати и израмни на 4-4. Сепак, шпанската тенисерка успеа да го комплетира првиот сет со 7-5. Во вториот сет, Мугуруза продолжи со одличен ритам, поведе со 5-3, имаше и пет меч – топки на сервис на Вилијамс, но Американката сепак го освои својот гем. Потоа Мугуруза сервираше за комплетирање на мечот и тоа го стори успешно, освојувајќи го својот прв пехар на Ролан Гарос.

Со оваа победа Шпанката успеа да и се раваншира на неприкосновената Вилијамс за минатогодишниот пораз во финалето на Вимблдон.

serena vilijams

Мугуруза е само втората шпанска тенисерка во историјата што го освоила Ролан Гарос, претходно треофејот го има кренато единствено Аранча Санчез Викарио. Што се однесува до Серена Вилијамс таа ќе мора да почека да го израмни рекордот на Штефи Граф од 22 грен слем титули, и барем до Вимблдон останува на 21 наслов на големите турнири.

Во утрешното машко финале, силите ќе ги одмерат Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top