Работник е повреден од струен удар додека работел на затворениот базен во Куманово, објави „Куманово њус“. Несреќата се случила синоќа во 19.15 часот, кога З.А.(52) од Скопје додека извршувал електричарски работи на покриениот базен на ул. „Пиринска Македонија“ во Куманово, во еден момент дошло до струен удар.При тоа тој паднал од скала висока околу пет метри и се здобил со тешки телесни повреди. Скршеница на десна рака, десна аркада и двете колена, по што бил пренесен во ОБ‐Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.