| четврток, 6 декември 2018 |

Ножот на фараонот Тутанкамон бил вонземјански

video

Италијански и египетски археолози со апарат за флуоресцентна спектрометрија откриле дека ножот откриен во саркофагот на Тутанкамон бил направен од метал кој што не потекнува од Земјата. Всушност бил користен материјал од метеорит.

tut

-Сечилото е откриено во далечната 1925 година и од тогаш потеклото на материјалот од кое е направено е предмет на анализи и расправи. Претходите анализи  донела контроверзни резултати- објавија истражувачите.

Неодамнешната анализа на направена од италијанските и египетските стручњаци покажа дефинитивно дека  металот на ножот  не е од земјата туку има „вонземјанско“ потекло.

diger

Како доказ се користи присуството на никел. Ако многу железни артефакти имаа максимално четири проценти на никел во својот состав, ножот од саркофагот на Тутанкамон има скоро 11 проценти. Покрај тоа во неговиот состав има и 0,58 проценти кобалт.

-Односот на никел и кобалт во сечилото се поклопува со составот на метеоритот, посочува италијанско- египетскиот тим.

meteorit

Истражувачите мислат и дека го знаат точниот метеорит од кој потекнува материјалот. Токму таков однос на никел и кобалт има во метеоритот Карго откриен во 2000 година западно од Александрија.
blade
Квалитетот на острицата според истражувачите покажува дека Египќаните уште во 14 век пред нашата ера биле искусни и добри ковачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top