| четврток, 6 декември 2018 |

На прагот сме на најголемото археолошко откритие во историјата?!

Тимот стручњаци на чело со британскиот археолог Николас Ривс ќе влезат во гробницата на Тутанкамон на 28 септември и ќе испитаат дали зад северниот ѕид се наоѓа тајната врата. Ривс во август објави студија во која тврди дека пронашол докази за тоа дека познатата египетска кралица Нефертити е погребана во гробницата на својот посинок Тутанкамон. Резултатите на официјалното испитување ќе бидат објавени на конференција во Коиро по завршувањето на работите.
Доколку се покаже дека теоријата на Ривс е точна, тоа ќе реши низа недоумици за гробницата на Тутанкамон, кои со децении ги мачеа стручњаците. На пример, пронајденото богатство изгледаше како да е оставено на брзина во негоиот гроб. Самата гробница е сместена десно од влезот, иако во египетската култура од таа страна се закопувале кралиците, а не кралевите.

Освен тоа, гробницата на Тутанкамон не е ни малку поголема од предворјето на целата гробница, што, исто така, било невообичаено за тоа време. Во комбинација со сликите, Ривс смета дека гробницата ѝ припаѓала на Нефертити и дека дури подоцна било решено да се прегради и да се добиое место за Тутанкамон, како „гробница во гробница“.

Ѕидот зад кој, според неговото мислење, се наоѓа гробот на познатат убава кралица Нефертити е украсен со религиски мотиви, можеби во текот на обредот, кој на Нефертити требало да ѝ послужи како заштита „на оној свет“.

-Само една кралица од доцната 18 династија добила такви почести, а тоа е Нефертити – пишува Ривс.

Нефертити, чиешто име значи „дојде убавицата“, била кралица на Египет и сопруга на фараонот Аменхотеп III во 14 век пред новата ера. Таа со сопругот го востановила култот кон Атон, богот на Сонцето и ја промовирала уметноста која била сосема поинаква од онаа во дотогашните стандарди.

Нејзината титула значи дека, веројатно, имала и владетелска функција и дека по смртта на сопругот таа била фараон. Сепак, и покрај нејзиниот исклучителен статус, смртта и местото каде е погребана ќе останат мистерија до денес.

Доколку Ривс е во право, сокриената гробница веројатно крие многу поголемо богатство од таа на Тутанкамон.

-Ако не сум во право, никому ништо, но ако сум во право, ова е, можеби, најголемото археолошко откритие во историјата – рече Ривс за магазинот „Економист“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top