| четврток, 6 декември 2018 |

Грција заплени 26 милиони лекови наменети за ИД

isisГрчките власти во најголемото пристаниште во земјата, Пиреја, заплениле поголема пратка со опијати, Трамол и Трамадол, лекови против болки вредни 13 милиони долари, откако биле информирани дека таа била наменета за припадници на таканеречната Исламска држава, соопшти денеска Одделението за финансиски криминал на Грција.

Танјуг јавува дека повеќе од 26 милиони лекови се пронајдени во контејнер, деклариран дека соддржи текстилна стока, наведе одделението, додавајќи дека грчките власти добиле помош од американската Управа за сузбивање на наркотици (ДЕА).

Учесник во операцијата изјавил дека наркотиците биле испратени од Индија за Пиреја и дека со друг брод требало да бидат префрелни во Либија, пренесуваат американските медиуми.

Грција, како што истакна, добила информација дека либиската компанија, која требало да ја добие пратката со лекови, служела како посредник за Исламска држава. Џихадистичката група, како што наведе, овие лекови ги користела за своите борци или ги продавала заради остварување профит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top